Криза и во Србија: Белград го одложува почетокот на грејната сезона

t

Утринава на Градскиот совет донесовме одлука за одложување на почетокот на грејната сезона која треба да започне во сабота, согласно временските услови и општата состојба во светот и кај нас со изворите на енергија, рече градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.

Тој изјави дека Штабот за вонредни состојби е овластен секојдневно да ги следи временските услови и соодветно да известува до електраните кога може да започне сезоната.

„Имаме проценки од Хидрометеоролошкиот завод дека температурите сигурно ќе бидат натпросечни во наредните седум дена. Тоа не дозволува ниту да се вклучи парното, бидејќи се блокира кога е 16, 17 степени“, рече тој.

Потенцира дека поради домашниот бизнис поважно е кога е студено домовите да се топли отколку да се греат во сабота поради формалност.

„Мораме да се грижиме за Градот, се прилагодуваме на новите ситуации. Граѓаните ќе бидат информирани и кога ќе се исполнат временските услови ќе започне грејната сезона. Тоа секако ќе биде до ноември. Треба да ги искористиме поволните временски услови , заштедата во пари ќе биде голема.Наша задача е кога е студено на граѓаните на Белград да им биде топло“, рече градоначалникот.

Како што наведе, ќе се заштеди и на новогодишното осветлување. Осветлувањето ќе биде поставено од 15 декември до 15 јануари.

Ќе биде вклучен само еден месец и ќе го ограничиме на тесниот, туристички дел од градот“, заклучи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…

Поранешниот министер за економија и поранешен директор…

(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…

Цистерна и комбе утрово се судрија на…

Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…

Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…

(Видео) Малолетник нападна полицаец со два ножа…

Малолетник од Шабац е убиен ноќеска пред…

Засилени активности во Пионирскиот парк во Белград:…

Во Пионирскиот парк во Белград се наоѓа…