Криза и криминал е заедничкиот именител на СДСМ и ДУИ

t

Колумна на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

КРИЗА и КРИМИНАЛ е заедничкиот именител на ДУИ и СДСМ. Ова е чиста фактичка состојба, без употреба на зборови, без суштина во нивната реторика за „успешно“ водење на државата.

Имено, албанството не е лична привилегија на ДУИ. Од него пати секој чесен Албанец, подеднакво исто како и сите останати граѓани во Македонија. Нивните економски министри се директни виновници за денешната немаштија и за енергетската и топлинската криза. Истите тие министри останаа на истите позиции и во „новата“ влада на Ковачевски, што доволно говори за неговата немоќ за промена на кадрите кои со години наназад не’ носат во пропаст и во сиромаштија.

Токму затоа и предупредуваме дека актуелната влада е неодржлива и ќе биде со еднократен и многу кус рок,бидејќи нема капацитет за пробив на секој план. Клиентелистичкиот пристап во преговорите и потпишаните договори за „соработка„ со нашиот јужен и источен сосед кои пак, на подолг рок, ќе не одведат во ќор-сокак, за крајна дестинација го имаат конечното распродавање на се’ што е македонско. А, во сите нив имаше и се’уште има двајца учесници – тоа се СДСМ и ДУИ.

За СДСМ е ноторна вистина дека секогаш кога добива можност да ја води државата, тогаш и ни се случиле и случуваат најголемите понижувања во надворешната политика, како и најголемите кризи во внатрешната.

И ако за СДСМ е повеќе од јасно дека ги оди последните чекори од својот срамен пат (за нив беше прав, ама за Македонија и нејзините граѓани – апсолутно погрешен и згрешен), за ДУИ никој нема верба дека може некогаш да биде симната од политичката сцена, поточно од власт. Токму заради ова, ДУИ не смее веќе да биде амнестирана од народот за сите нејзини лоши политики и сокриени криминали. „Пинг-понг“ политиката на Али Ахмети за енормно богатење на поединци од неговата партија низ годиниве цела Македонија ја држи во континуитет во криза, започнувајќи од самото нивно појавување на политичката сцена, па до ден денес.

Затоа, овојпат топчето треба да заврши во мрежичката, да заглави во судските институции и конечно да се има одговорност и за криминалните политичари во ДУИ. Молкот на институциите на нивниот криминал е повеќе од очигледен. Тие немаат фреквенција за допрен глас или не смеат да реагираат на допрен глас, затоа што се фатени во канџите на мафиозното дуо СДСМ-ДУИ. Колку и во нив да има стручни и компетентни лица, истите тие ги наведнале сопствените глави пред криминалната власт и се станати нивни слепи послушници, притоа бришејќи го сето свое достоинство , образование и компетентност.

Дали ова нивно однесување вреди и дали еден ден нема да се покајат за нивниот молк пред криминалите?!?

Благодарение на ДУИ, Македонија е земја каде, ако некој ја побара правдата, а не е под закрилата на ДУИ, тогаш не важат законите. Веќе е се’ погласно реагирањето на самите етнички Албанци кои не се согласуваат со политиките на ДУИ, кои се се’ повеќе свесни дека вака повеќе не оди. Не е ДУИ партија која се грижеше за Албанците во Македонија. ДУИ е дефинитивно само партија која се грижеше единствено за Албанците во своите редови и која „триумфираше“, злоупотребувајќи го Охридскиот рамковен договор и законот за употреба на јазиците, притоа неосврнувајќи се кон Македонците во Западна Македонија или кон Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Црногорците, Власите, Евреите и сите останати помали немнозински етнички заедници во Македонија.

Албанец за премиер беше нивниот последен адут. Јас работам за тоа и сакам да дојде време кога нема да е битна етничката или верската припадност на луѓето кои ќе ни ја водат државата. Треба да дојде време кога партиите на власт ќе ги бираат исклучиво најдобрите. Да дојде време кога нема да се бираат ресори и прво тие да се поделат, па потоа да се бараат лица за нив. Да дојде време кога секоја партија која е учесник во власта ќе ги предложи најдобрите свои кадри за одреден ресор или за сите, ама доколку навистина располага со кадри за сите, па дури на крај да се избере најкомпетентниот, најискусниот и најдокажаниот министер, директор или претседател.

Да не се распределуваат ресорите по рамковен, зашто веќе и рамковниот станува контрадикторен за ДУИ и СДСМ, бидејќи нели токму тие велат дека се за едно општество за сите.

За да дојде до вакви промени, мора да се направи длабок и прецизен рез. ДУИ не го направи тој рез со зелената агенда. Наместо промена на агендата, ДУИ требаше да го промени табиетот. Наместо промена на бојата, ДУИ требаше да ја промени стратегијата. Наместо да ги понижува своите опозициски ривали, правејќи се недостижна и неприкосновена, ДУИ требаше токму од нив да научи дека за Албанците во Македонија веќе не се битни орлите и знамињата во Зајас. За Албанците, како и за Македонците и сите останати етнички заедници, битна е егзистенцијата во Македонија, битно е да имаат работа и леб, да имаат мир и некаква испланирана иднина, да можат да градат куќи кои нема да се дивоградби, затоа што ДУИ дал изим за градба, да добијат документ од шалтерскиот службеник без да му дадат 10 евра за „кафе“, да добијат дозвола во некое од министерствата кои ги води кадар на ДУИ, без да почнат со поткуп од портирница, па се’ до министерот…

Ете тоа е денес приоритет за Албанците, со кои ДУИ така силно се чука во гради. И, да, доаѓа таквото време. Ама, дефинитивно, за да дојде, треба прецизно и длабоко да се отстрани забеганиот кадар од ДУИ или и самата ДУИ, доколку навистина не е свесна дека проблемите, кризите, немаштијата, лошите преговори, криминалот и корупцијата, неуспесите и поразите на секое поле доаѓаат од нејзините политики.

И,не, на ВМРО-ДПМНЕ не ѝ пречи што Албанци ја водат државата. На ВМРО-ДПМНЕ ѝ пречи што државата ја водат криминалци. И, ова не ѝ пречи само на ВМРО-ДПМНЕ, туку им пречи и на сите албански опозициски партии, но најбитно – и на граѓаните на Република Македонија кои се презаситени од криминалната ДУИ, поддржана од криминалната СДСМ и од помалите нивни коалициони партнери. Оваа власт е постигната благодарение на пратеници кои заборавиле на нивните гласачи и кои не знаат кај им се срцето и главата, но ни за умот не може да се пофалат дека самите си го контролираат.

Ова ВМРО-ДПМНЕ се залага за политика и политички коалиции, базирани на принципи, а не на пазарења. Ова ВМРО-ДПМНЕ се залага за подеднаква одговорност за сите. Ова ВМРО-ДПМНЕ нема да соработува со никој кој нема да ги прифати овие начела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра…

СДСМ утрово соопшти дека го прифаќа исходот…

Битиќи од Чучер Сандево: Кренете ги главите,…

„Граѓаните вчера ни испратија порака, ги слушнавме.…

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на…

Со исправена глава, поставени на вистински европски…

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ…

„Политичката понуда веќе е јасна, само коалицијата…

Европски систем за правда и целосен ветинг…

Клучна определба во новиот мандат на СДСМ…