Крипто инвеститорите за една година изгубиле повеќе од 110 милијарди долари, велат од “Форбс”
Во само една година крипто инвеститорите изгубиле повеќе од 110 милијарди долари – изјавија од Форбс.
Во 2022 година, на листата на Форбс на милијардери имаше 19 луѓе кои своето богатство го заработија во бизнисот со криптовалути, чиј имот тогаш беше проценет на 140 милијарди долари. Оваа година, 10 од 19-те луѓе од минатогодишната листа повеќе не се милијардери, а богатството на останатите девет е 30 милијарди долари.
Според листата на Форбс, најбогатиот крипто-милијардер се уште е основачот и шефот на најголемата крипто берза Binance, Чангпенг Жао, чие богатство се проценува на 10,5 милијарди долари. Минатата година неговиот имот беше проценет на 65 милијарди долари.
Втор на листата, ко-основачот на крипто мрежата Ripple, Џед Мекејлеб, има богатство од 2,4 милијарди долари, што е мало намалување во споредба со минатогодишните 2,5 милијарди долари.
Веднаш по него следи шефот и ко-основачот на крипто берзата Coinbase, Брајан Армстронг, со 2,2 милијарди долари, кој минатата година имаше 6,6 милијарди долари.
Изминатата година беше тешка за крипто милијардерите поради падот на берзата FTX и многу правни спорови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД запленија ирански криптовалути во вредност од…
Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, изјави…
Нов извештај тврди: Трамп ја претворил Белата…
Нов извештај на Комитетот за правосудство на…
„Форбс“: Вредноста на имотот на Трамп падна…
Вредноста на имотот на американскиот претседател Доналд…
Разбиена европска мрежа за измами со криптовалути
Европските власти разбија долгогодишна шема за измама…
Трамп го потпиша законот за криптовалути во…
Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша Законот…