Критична состојба во Калифорнија поради можна експлозија на хемикалија, 40.000 луѓе се евакуирани
Над 44.000 луѓе се евакуирани од повеќе места во јужна Калиорнија поради опасност од можна експлозија на резервоар со токсична хемикалија во воздухопловен погон во округот Оринџ, јавува Би-би-си. Властите предупредуваат дека оштетениот резервоар би можел да попушти, што, пак, мое да доведе до голема и опасна експлозија.
Командирот на противпожарната служба на округот Оринџ изјави дека во индустрискиот резервоар во погонот се наоѓаат околу 26.500 литри метил-метакрилат – многу испарлива и лесно запалива токсична хемикалија која се користи во производството на пластика.
„Резервоарот ќе откаже, само не знаеме кога“, изјави Грег Кови на прес-конференција, додавајќи дека ова е една од најопасните ситуации со кои се соочил во својата 32-годишна кариера.
Според властите, во постројката има три резервоари, а кај еден од нив дошло до дефект на системот за ладење.
Постојат две можни сценарија – резервоарот да протече и да ослободи илјадници литри опасни хемикалии, или да дојде до неконтролирано загревање и експлозија што би можела да ги зафати и околните резервоари со гориво и хемикалии.
Засега нема активно истекување ниту опасни честички во воздухот, бидејќи резервоарот е доволно разладен. Сепак, експертите предупредуваат дека метил-метакрилатот може да предизвика иритација на дишните патишта, кожата и очите, како и мачнина и вртоглавица.
Противпожарните екипи интервенирале во воздухопловниот погон на компанијата GKN Aerospace во градот Гарден Гроув по пријава за инцидент со опасни материи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Критична состојба во Калифорнија поради можна експлозија…
Над 44.000 луѓе се евакуирани од повеќе…
Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…
Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…
Силна бура ја зафати Калифорнија за Божиќ…
Силна бура ја погоди Калифорнија, предизвикувајќи поплави…
Калифорнија го тужи Трамп за испраќање на…
Вашингтон – Војниците беа испратени во Калифорнија за…
Камала Харис нема да се кандидира за…
Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, денеска…