Кузеска: Давкова се уште ги подржува луѓето кои кажаа дека дури и за 100 години нема да бидеме во ЕУ

t

Ако Стево Пендаровски изминативе годни беше претседател на државата, Силјановска е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, но ние досега воопшто не видовме некаква заложба од нејзина страна дека сака земјата да биде членка на Европската Унија, рече портпаролката на СДСМ , Богданка Кузеска, во утринската емисија на ТВ Клан.

-Не само што не видовме никаква заложба за влез во ЕУ, туку Давкова се уште ги подржува луѓето, кои кажаа дека дури и за 100 години нема да бидеме во Европска унија. Таа ги подржува оние кои во слични вакви емисии кажаа дека доколку ЕУ не ги дели вредностите на ВМРО ДПМНЕ, тогаш нема да влеземе во ЕУ“, рече Кузеска

Таа потенцираше дека граѓаните во изминативе години можеа да видат како се преставиле и Пендаровски и Давкова и дека тоа што досега го работеле е тоа што тие и ќе им го понудат на граѓаните.

-Пендаровски ќе го понуди напредокот и европска перспектива на државата, а Давкова ќе понуди повторно блокади, кочење и уназадување на државата, рече Кузеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕК: Уставните измени и реформите во правосудството…

Македонија и во најновиот извештај на Европската…

Тошковски: Возачите научија каде се камерите на…

Полициските возила ќе станат мобилни камери за…

Ја убил 17 годишната девојка во Богданци,…

Изгореното безживотно тело кое вчера било пронајдено…

До недела стабилно време, за викендот утринската…

До недела времето ќе биде стабилно, со…

„Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски…

Македонскиот режисер Милчо Манчевски освои една од…