Објавено на:

Кулеба: Членките на НАТО побрзо да достават оружје во Украина

t

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба денеска во Букурешт апелираше до членките на НАТО побрзо да достават оружје и друга помош за неговата земја.

За време на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Кулеба рече дека претходниот пат, кога апелирал до Алијансата, рекол „оружје, оружје, оружје“, а дека денеска во Букурешт дошол со порака „побрзо, побрзо, побрзо“.

„Ние сме благодарни за сè што е направено досега, но мора да продолжиме да се бориме. Докажавме дека можеме да ја победиме Русија, но одлуките за оружјето, за новите линии на производство на оружје и за неговата испорака мора да се носат побрзо, рече Кулеба на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на членките на НАТО.

Кулеба, исто така, укажа на значењето на другите форми на западна помош, првенствено агрегати, бидејќи Украина има големи проблеми со снабдувањето со електрична енергија по руските напади врз цивилната инфраструктура.

Столтенберг рече дека сојузниците се согласиле дека е неопходно да се зголеми поддршката за Украина и повтори дека ќе бидат со таа земја се додека тоа е потребно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…