Објавено на:

Курти го нападна Блинкен: Нефер, погрешна и наивна одлука!

t

Косовскиот премиер Албин Курти во изјава за британскиот весник „Гардијан“ го критикуваше американскиот државен секретар Ентони Блинкен, велејќи дека неговата изјава за настаните на северот на Косово е наивна, нефер и погрешна.
„Мислам дека тоа не само што е неправедно, погрешно и навредливо, туку во исто време е и многу наивно“, рече Курти.

Тој, исто така, рече дека изјавата на Блинкен и барањата за запирање на полициските активности на северот дефинитивно не биле корисни.

Според Репортери, Курти, исто така, посочил дека разговарал со американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој побарал градоначалниците на север да се преселат во други објекти или да работат од дома, а тој одбил.

„Не можеме да имаме „зум“ градоначалници, ние сме демократска република, која не може да се предаде на фашистичките паравоени формации. Вчера беше многу тежок ден, за среќа не загубивме животи“, заклучи Курти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…

Американските воени подготовки се во тек во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Маж уапсен со оружје во близина на…

Американската Тајна служба уапси маж во близина…