Курти: Граѓаните на Косово ќе патуваат без визи во ЕУ, но не и во Босна!

t

По берлинскиот процес, косовскиот премиер Албин Курти изјави дека граѓаните ќе мора да добијат визи за Босна и Херцеговина и обратно и по 1 јануари 2024 година.

Курти рече дека Босна и Херцеговина не го ратификувала договорот и оти таму ќе бидат потребни визи и по 1 јануари 2024 година, кога се очекува визна либерализација.

„Во оваа прилика во мојот говор истакнав дека е срамота што има земји кои не ги ратификувале овие договори што ги склучивме во минатото, а особено треба да се истакне дека од трите договори што ги склучивме, на овој момент, еден од нив сè уште не е ратификуван од Босна и Херцеговина. Како резултат на тоа, на 1 јануари 2024 година, сите граѓани ќе можат да патуваат без визи во ЕУ, но ќе бидат потребни визи за патување од Косово во Босна и Херцеговина и обратно, како што е договорот за слобода на движење со лични билети“, рекол тој, пренесува Газета експрес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со пониска инфлација од просекот на…

Годишната инфлација во Европската Унија во септември…

ЕУ бара Канада и Велика Британија да…

Европската Унија се подготвува да ги убеди…

Фрлен солзавец во ноќен клуб во БиХ,…

Ноќна забава во Тешањ, Босна и Херцеговина,…