Лавовски побегна: Тошковски во последен момент го откажа учеството на настанот на Дирекцијата за радијациона сигурност

t

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој беше најавено дека ќе присуствува на настан во Клубот на пратениците во последен момент го откажа присуството на настанот поради неодложни обврски.

Неговото присуство беше најавено официјално.

-Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе присуствува на одбележување 20 години од формирањето на Дирекцијата за радијациона сигурност. (Клуб на пратеници, конференциска сала/10:30; изјави во 10:15 часот) – стоеше во официјалната најава.

Изјава за медиумите даде директорот на Агенцијата која прославуваше 20 години од формирањето, а за Тошковски прво беше кажано дека ќе доцни на настанот, за потоа на новинарите да им биде кажано дека го откажува присуството поради неодложни обврски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување…

Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон…

БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПОВИКА ВЛАДАТА ДА ГО СЛЕДИ…

Велика Британија нема да може да изгради…

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…

Славевски: Алта банка е стабилна, сите процедури…

Алта банка АД Битола е стабилна, со…

Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…