Објавено на:

Лавров: Ако Европа ја нападне Русија, војната ќе биде „многу кратка“

t

Русија нема намера да ја напаѓа Европа, но доколку европските земји ја нападнат Русија, таа војна би била „целосно поинаква и многу кратка“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој изрази надеж дека Европа го слушнала предупредувањето на рускиот претседател Владимир Путин во врска со последиците од евентуален напад врз Русија.

Рускиот министер за надворешни работи истакна дека Москва не бара конфронтација со Западот и – според него – долго време се обидувала да промовира политика на соработка, но таа била отфрлена од Западот. Лавров оцени дека западните земји не научиле како да соработуваат со Русија, туку се одлучиле за политика на задржување. Тој го опиша конфликтот во Украина како директна последица на „експанзионистичката политика“ на Западот.

Тој ја окарактеризира експанзијата на НАТО кон руските граници како агресивна и истакна дека подготовките за можна војна со Русија станале честа тема во изјавите на европските политички лидери. Лавров, исто така, ги обвини европските земји дека се обидуваат да ја одржат актуелната власт во Украина и да распоредат сопствени сили на територијата контролирана од Киев.

Осврнувајќи се на статусот на рускиот јазик во Украина, Лавров тврдеше дека Киев го забранил јазикот и дека се уништуваат книги на руски јазик, споредувајќи ги таквите практики со постапките на нацистичка Германија. Во однос на можното решавање на конфликтот, Лавров изјави дека, од гледна точка на Москва, тоа подразбира постигнување на целите што Русија ги поставила на почетокот на воената операција и „отстранување на основните причини“ за конфликтот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…

Руте разговарал со Зеленски за важноста од…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…