Лавров го обвини Западот дека ја стави Србија пред избор: или санкции против Русија или државен удар
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Западот се обиде да ја стави Србија пред избор – или да се приклучи кон санкциите против Русија или, во спротивно, таму ќе се обидат да направат државен удар.
-Во последниве години, на Вашингтон не му се допадна тоа што Украина е сосед на Русија и што се обидуваше да изгради нормални работни односи со својот сосед. Почнаа да ја вовлекуваат во ЕУ под слоганот „или со нас или со Русија“. Тоа „или-или“ никаде не исчезна. Видете ја Србија, сега истото им го кажуваат. Приклучете се на санкциите против Русија, дајте го Косово, признајте ја неговата независност и тогаш ќе ве прифатиме во ЕУ. А ако не, тие се обидоа да организираат државен удар, рече Лавров во интервју за Русија 24.
Шефот на руската дипломатија потсети како реагираа ЕУ и САД на последните избори во Србија.
-Тие ги обвинија српските власти дека за време на локалните избори имало дезинформации, дека ги поткупувале гласачите. Така говореа од Вашингтон кога започна кампањата за елиминирање на Трамп од изборите само затоа што тоа го сакаше владејачката елита. Тоа предизвика бран на незадоволство во САД, додаде Лавров.
Сепак, како што истакна, тоа на американската администрација ништо не им значи, дозволено им е се, ќе прават се што сакаат, а на другите ќе им диктираат. Во исто време, нагласи Лавров, многу земји го разбираат тоа и се повеќе земји и порачуваат на Москва „ние сме со вас“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во…
Интензивно се интервенира на терен во моментов…
Кондовецот Бесим Красниќи излегол од затвор за…
Кондовецот Бесим Красниќи го пуштиле од затвор…
Хорор во прилепско: Маж пронајден мртов со…
68-годишен маж од прилепското село Беровци е…
Што значи прогласување епидемија
Прогласувањето епидемија на Западно-нилска треска во одредено…
Водата во Скопје е безбедна за пиење,…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро…