Лавров: Зеленски не ја разбира сериозноста на ситуацијата
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „не ја разбира сериозноста на моментот“, обвинувајќи го за „негрижа кон сопствениот народ“.
Лавров во интервјуто за белоруските медиуми изјави дека Зеленски само излегува со нови и нови идеи, но оти таа „фонтана од идеи токму го открива недостигот разбирање на Зеленски за сериозноста на ситуацијата и сопствениот народ“.
Според шефот на руската дипломатија, идеите на Зеленски кои не ги прецизираше, го разоткриле „расистичкиот карактер“ на властите во Киев.
Украинскиот претседател постојано ја форсира идејата за формирање меѓународен трибунал, пред кој сите одговорни политичари и воени офицери од Москва ќе одговараат за војната во Украина и за воените злосторства извршени таму.
Истовремено, Лавров упати остар вербален напад кон Западот. Според Лавров, „хистеричната реакција” на специјалната воена операција како што Москва ја нарекува инвазијата врз Украина, само ги потврдила ставовите на Кремљ за „апсолутната неопходност“ од воената интервенција.
-Со акцијата, Москва ги уништи геополитичките игри на Западот, кој сакаше да ја претвори Украина во постојана закана за Русија, ја пренесуваат руските медиуми изјавата на шефот на руската дипломатија. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна…
Молдавија од денес, 26 септември, официјално влегува…
Ивановски: Филипче и неговата група станаа фракција…
Поранешниот потпретседател на СДСМ и еден од…
Мицкоски: На Македонија ѝ треба силна опозиција,…
„Јас жалам повторно што дури и оваа…
Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во…
Јас не можам да зборувам од аспект…
(Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк:…
Во чeст на 35 годишнината на независноста,…