Лавров: Москва и Арапската лига ќе работат заедно за да го запрат крвопролевањето во Израел и Газа
Русија и Арапската лига ќе работат на „запирање на крвопролевањето“ во Израел и Газа, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на приемот во Москва на генералниот секретар на организацијата која ги обединува арапските држави.
„Сигурен сум дека Русија и Арапската лига пред се ќе работат на запирање на крвопролевањето“ со земјите кои сакаат „траен мир на Блискиот Исток“, рече Лавров.
Лавров оцени дека е потребно не само да се прекинат конфликтите и да се решат проблемите со цивилите, кои во огромен број стануваат жртви на сегашната ситуација, туку и да се утврди причината зошто нема решение за израелско-палестинскиот конфликт.
Генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Геит повика на праведно решение на израелско-палестинскиот конфликт.
Тој додаде дека неговата организација го отфрла насилството на двете страни во конфликтот.
Судирите продолжуваат и денеска, на трет ден од почетокот на ненадејната голема офанзива на палестинскиот екстремистички Хамас на територијата на Израел од Појасот Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…
Косово разоткри и обвини српски шпион на…
Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…
Пожари и натаму беснеат во пет општини…
Пожари и денеска се активни во пет…
Пополека ја губиме војната, има уште неколку…
Украина се чини дека полека ја губи…