Лавров: Третата светска војна би била нуклеарна и деструктивна
Како што извести портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, втората рунда преговори меѓу двете земји веројатно ќе биде одржана вечерва.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска порача дека третата светска војна би вклучувала нуклеарно оружје и би била деструктивна, пренесе агенцијата РИА.
„Руската специјална операција во Украина беше започната со цел да се разоружи актуелниот режим во Киев и да се спречи набавката на нуклеарно оружје“,
изјавил Лавров во интервју за „Ал џезира“, а пренесува руската агенција ТАСС.
Тој истакна и дека Русија нема да дозволи Украина да добие нуклеарно оружје.
„Воената операција во Украина, вклучувајќи го и Киев, имаат за цел разоружување на Украина. Русија нема да дозволи Украина да добие нуклеарно оружје. Ние сме веќе подготвени за втора рунда преговори, но украинската страна игра како што ќе има кажат САД“,
додаде Лавров.
Како што извести портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, втората рунда преговори меѓу двете земји веројатно ќе се одржи вечерва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…