Лажен инспектор измамил жена за 2000 евра и 1000 долари
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.А.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 04.11.2025, пријавениот измамил жена од Прилеп за сума од 2.000 евра и 1.000 долари.
Имено, лажно претставувајќи се како инспектор во странска земја, на жената ѝ соопштил дека нејзините внуци во странство направиле сообраќајна несреќа во која починало дете. Притоа, тој ѝ побарал пари за да издејствува нејзиниот внук да не оди во затвор, по што таа ги оставила парите на договореното место.
По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција, М.А. е лишен од слобода, а од надлежен судија му е одреден притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…
На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…
Поверувала дека е во врска со Барон…
Њујорчанка напишала на Reddit дека нејзината 53-годишна…
Откриена голема измама во 15 европски земји:…
Властите од 15 земји разбија голема криминална…
(Видео) Сведоштво на измамениот Петров за лажно…
„Живееме многу тешко. Дома сме со пензија…
Измама од туристичка агенција тешка 87 илјади…
Според информациите од полицијата, 34-годишна жена и…