Лажен лекар од Словенија измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра
Жителка на Виница, на возраст од 86 години, пријавила во полиција дека била измамена и дека на овој начин останала без 30.000 евра, информира Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата поднесена во ОВР Виница, на 23 јануари 2026 година околу 08:50 часот, жената била телефонски контактирана од непознато лице кое се претставило како лекар од Словенија.
Тој ѝ соопштил дека нејзината ќерка, која наводно престојувала и работела во Словенија, се здобила со тешки телесни повреди и дека итно ѝ е потребна операција за која требало да се обезбеди поголема сума пари.
Доверувајќи се на информациите што ги добила, оштетената подигнала 30.000 евра од банка и, следејќи ги дадените инструкции, парите ги предала на лице кое дошло во дворот од нејзината семејна куќа за да ги преземе.
Подоцна, откако стапила во контакт со својата ќерка, жената сфатила дека станува збор за класична измама и случајот го пријавила во полиција.
Од МВР соопштуваат дека се преземаат соодветни мерки и активности за целосно расчистување на настанот и за идентификување на сторителот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…
На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…
Поверувала дека е во врска со Барон…
Њујорчанка напишала на Reddit дека нејзината 53-годишна…
Откриена голема измама во 15 европски земји:…
Властите од 15 земји разбија голема криминална…
(Видео) Сведоштво на измамениот Петров за лажно…
„Живееме многу тешко. Дома сме со пензија…
Измама од туристичка агенција тешка 87 илјади…
Според информациите од полицијата, 34-годишна жена и…