Лажниот полицаец ги „одра“ кумановци – жена му дала 30.000 евра на измамникот
65-годишна жена е трета жртва на иста измама во Куманово во последните два дена.
Според полицијата, таа останала без 30.000 евра откако му поверувала на измамник дека нејзината ќерка прегазила дете, а тој се понудил да ѝ помогне да не одговара, нудејќи ѝ за тоа да плати 30.000 евра.
„Лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна незгода во која прегазила дете-мигрант и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ја гонат кривично. Таа ги однела парите на договореното место, а подоцна се слушнала со нејзината ќерка и сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.
И вчера биле пријавени две измами и еден обид за измама од тројца пензионеери. Со истата приказна изманикот успејал да дојде до 250.000 денари. Во текот на целата 2024 година, во Куманово биле регистрирани две вакви измами со сообраќајни несреќи. Од полицијата апелираат на претпазливост, а особено од повозрасните лица кога им се јавуваат непознати, да не наседнуваат на лажни услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…
На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…
Поверувала дека е во врска со Барон…
Њујорчанка напишала на Reddit дека нејзината 53-годишна…
Откриена голема измама во 15 европски земји:…
Властите од 15 земји разбија голема криминална…
(Видео) Сведоштво на измамениот Петров за лажно…
„Живееме многу тешко. Дома сме со пензија…
Измама од туристичка агенција тешка 87 илјади…
Според информациите од полицијата, 34-годишна жена и…