Лазаров: Направивме добар компромис за решавање на конфликт кој не беше предизвикан од нас
Имаме два избора пред нас, или да најдеме точки кои нѐ спојуваат и да бидеме сојузници, или да најдеме точки кои нѐ разделуваат и да заглавиме во балканската кал која создава конфилкти, поделби и масовен егзудос на младите. Јас мислам првиот избор е многу подобар од вториот и за нас и за Бугарија, вели во интервјуто за МКД.мк Кирил Лазаров, претседател на Македонско-бугарската комора и сопственик на НИКОБ групацијата.
Лазаров: Направивме добар компромис за решавање на конфликт кој не беше предизвикан од нас
Имаме два избора пред нас, или да најдеме точки кои нѐ спојуваат и да бидеме сојузници, или да најдеме точки кои нѐ разделуваат и да заглавиме во балканската кал која создава конфилкти, поделби и масовен егзудос на младите. Јас мислам првиот избор е многу подобар од вториот и за нас и за Бугарија, вели во интервјуто за МКД.мк Кирил Лазаров, претседател на Македонско-бугарската комора и сопственик на НИКОБ групацијата.
Како еден од поуспешните бизнисмени во Македонија, ова што се случи во Брисел на 19 јули дали го сметате за победа, пораз или повторно влегуваме во некоја долга, мачна фаза без некакви посериозни изгледи за членство во ЕУ?
-Во кој било компромис, нема победник ниту поразен, затоа впрочем е и компромис. Сите компромиси кои се направени во историската аналогија, предизвикуваат рационализам и незадоволство. Да се постигне компромис значи да се направи договор помеѓу различни страни каде секоја страна се откажува од дел од своето барање. Во нашиот случај постигнатиот договор создава решавање на конфликт кој не е предизвикан од нас, но е составен дел од принципите на ЕУ, односно тоа се принципи кои се втемелени во политиките на Европската Унија за адекватни добрососедски односи. А ние како држава кон тоа стратегиски целиме, па отаму францускиот предлог го перцепирам како постигнување на договор во кој двете страни постигнале делумно решение кое е доволно задоволитено да почнеме преговори со ЕУ. И, тука и во Бугарија има незадоволство од верзијата на францускиот предлог, што значи дека компромисот е балансиран, бидејќи го потврдува аргументот дека е постигнат солиден компромис и има две т.н. незадоволни страни. Во Бугарија владее тезата дека Бугарите само добиле вметнување во уставот и евентуална унитерална забелешка за македонскиот јазик, но факт е дека кога ќе влеземе во ЕУ, македонскиот јазик ќе биде еден од официјалните јазици на ЕУ, без разлика на ставот на Бугарија.
Тоа е нашата победа. За нас е и победа да почнеме преговори и само така ќе можеме да ги завршиме, а пораз е никогаш да не ги почнеме затоа што така никогаш и нема да ги завршиме. ЕУ конечно разбра дека проширувањето кон Западен Балкан има геополитичка тежина заради војната во Украина и ние тој импулс мора да го искористиме, затоа се сериозни изгледите за членство во ЕУ. Сега с ѐ зависи од нас и нашата посветеност, реформи и работа.
Вие сте претседател на Македонско-бугарската комора. Дали воопшто бевте консултирани во фазата на разговорите за надминување на бугарското вето на евроинтегративните процеси на Македонија?
-Секако дека бев консултиран во различен временски период и во различен формат и мислам дека дадов личен придонес. Ги искористив сите контакти во Бугарија во т.н. економска дипломатија и верувајте дека со тие бизнисмени со кои постојано контактирав имаат сериозно влијание во бугарското општество и константно вршеа притисок за Бугарија да ги смени или омекне позициите. Аргумент и потврда дека успеавме беше и победата на партијата на Петков и градењето на нов политички дискурс на Бугарија во однос кон нашата држава. Јас верувам дека во процесот на пристапување кон ЕУ, а кој процес во суштина би траел повеќе од 10 години до полноправно членство и таму и тука би дошло до промена на нова генерација на политичари кои би имале прогресивен и прагматичен пристап во дијалогот помеѓу двете држави и би креирале политики за вистинско и искрено стратешко партнерство.
Кој би бил вашиот совет за надминување на овие се подлабоки проблеми меѓу двете земји?
-За да ги надминуваме длабоките проблеми треба уште подлабоко да размислуваме како мудро да ги надминуваме. Да размислуваме европски, а зошто европски? Затоа што токму Европа е континент кој успеа успешно да ги надмине сите недоразбирања и конфликти и е култура во која се застапени буквално сите различитости. Ако 27 членки на ЕУ научија да живеат заедно после првата и втората светска војна, можеме и ние. После 300 години војна помеѓу протестантите и католиците во Европа, денес државите и народите се сојузници или ако после Првата и Втората светска војна Германија и Италија се сојузници со Полска, Чешка, Франција и Шпанија. Зошто ние не можеме да најдеме начин да продолжиме напред? Имаме два избора пред нас, или да најдеме точки кои нѐ спојуваат и да бидеме сојузници, или да најдеме точки кои нѐ разделуваат и да заглавиме во балканската кал која создава конфилкти, поделби и масовен егзудос на младите. Јас мислам првиот избор е многу подобар од вториот и за нас и за Бугарија. Тврдам дека младите политичари кои доаѓаат ќе имаат различен пристап. Никој не мислеше дека во Грција ќе се роди лидер од типот на Ципрас или во Бугарија од типот на Петков кои беа спремни да ги променат позициите на своите претходници.
Во политиката ништо не е вечно. Кај младите има потенцијал и се надевам ќе размислуваат прогресивно, а овие деструктивциве кои на подарок добија сѐ што може да се добие, фрустрациите ќе ги истураат на политичкото жбуниште.
Во спротивно како општествo немаме ниту избор ниту капацитет да преживееме во оваа геополитичка бура од конфликти. И ние и Бугарија мора да разбереме, во новиот мултиполарен свет важни ќе бидат само сојузништвата и соработката бидејќи само така ќе можат да се премостат сите предизвици. Во светот ќе постојат само глобални проблеми кои ќе бараат глобални соработки и одговори.
Мојот совет е едноставен, историјата е минато, а иднината да ја градиме со добра намера и прогесивна мисла кон сѐ и секого. И, уште еден совет, да не дозволиме политичари кои во својот ген имаат деструктивна и ретроградна структура на дејствување да успеат да ја наметнат својата политика. Со такви ликови не може напред, тие може дури и да го оспорат фактот дека сонцето изгрева на исток, нивното политичко битисување е да се оди контра, без разлика на реалните состојби.
Дали е точно дека вие лично ќе бидете главниот финансиер на отворањето на бугарскиот културен центар во Скопје?
-Во овој контекст ќе ја повторам последната реченица од претходното прашање, добра мисла и пристап кон сѐ и секого. Би помогнал во отварање на бугарски, српски, слбански и грчки културни центри, доколку тоа се побара од мене. До сега немам добиено таква покана да финансирам бугарски културен центар и мислам дека тоа оди преку други официјални институции. Сериозно размислувам да финансирам Балкански иновациски центар. Засега идејата ми е во драфт верзија и со мојот тим размислувам финансиски да поддржам и Институт кој ќе има за цел да промовираа политички и економски напредни политики.
Зошто не помогнавте ваков центар, македонски културен центар да се отвори во, на пример Благоевград?
-Не знам дали сте добро информирани. Културните центри кои се отвораат се помогнати од други соодветни институции во државата. Сум помагал во многу иницијативи кои во својата содржина имаат идеи за развој и преспективи и политики кои креираат заедништво и соработка. До мене не стигнала информација дека е потребно да финансирам културни центри. Сепак мојот делокруг на интерес, индивидуален, но и како претседател на Македонско-бугарската стопанска комора се креирање на услови и иницијативи за инвестиции во стопанството помеѓу двете држави.
Кои се наредните активности на комората?
-Комората функционира според зацртаните цели и планови, активни сме во процесот да ги информираме колегите во Бугарија дека во Македонија се создадени сите услови и предуслови за нов инвестициски циклус. Редовно ги анализираме бројките и во блиска иднина ќе излеземе со официјални бројки и планови. Важно е да потенцирам дека има интерес за инвестиции, а неколку се во тек. Ги посочуваме новите можности кои се дел од препораките на Берлинскиот процес и т.н. инвестициски циклус во зелената агенда.
Извор: МКД.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде отворен…
Привршуваат активностите за темелна и енергетски ефикасна…
Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување…
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…
Јанев за бегството на Ива Михаилова: Работиме…
Директорот на БЈБ, Александар Јанев денеска на…
Благодарница за министерот Ристовски за поддршката и…
Во име на организаторите на Скопскиот маратон,…
Кумановец условно осуден за веење на знаме…
Деветнаесетгодишниот Арди Саити од Куманово добил условна…