Лазаров: Не заслуживме да загубиме со десет разлика!
Македонската ракометна репрезентација го почна Европското првенство (ЕП) со пораз од 29-39, но селекторот Кире Лазаров смета дека не заслужиле убедлив пораз од моќната Франција.
Македонија ѝ парираше на Франција во првото полувреме, па дури имаше и водство од 10-8, а селекторот Лазаров е задоволен од неговите пулени и смета дека негативата требало да биде помала.
„Франција е најсилната репрезентација во светот заедно со Данска. Задоволен сум од моите ракометари, меѓутоа тоа не беше доволно за позитивен резултат. Може да се носиме 45 минути против ваква селекција и сметам дека не заслуживме пораз со десет голови разлика. Не сум задоволен од конечниот резултат, мислам дека не заслуживме толку голем пораз. Сметам дека се боревме добро, знаевме што правиме, но кога играте против еден ваков тим кој гази во сите 60 минути е тешко да се одбраните. Воопшто не планирав да играме толку многу ‘седум на шест’, но моравме да се решиме за такво нешто. Тоа не е моја филозофија, но против еден ваков противник, тоа е еден од начините. Би било лудо да очекуваме да изненадиме, иако во спортот секогаш се случуваат такви работи“, кажа Лазаров.“, кажа Лазаров.
Селекторот знае дека Германија ќе има голема поддршка од домашната публика, но смета дека има доволно време да се подготват и прикажат во добро издание против квалитетниот противник.
„Главната разлика е тоа што Германија е домаќин и ќе биде под поголем притисок. Мислам дека Французите имаат поквалитетни ракометари, сепак Германија ќе има поддршка и од домашната публика. Ние имаме време да се подготвиме за тој меч и да се прикажеме во добро издание. Ќе го гледаме нивниот меч против Швајцарија за да погледнеме како се однесуваат на официјален натпревар. Сепак, ние ќе го дадеме нашиот максимум против Германија“, вели селекторот.
Македонија следниот натпревар на ЕП го игра на 14 јануари против Германија, додека третиот меч од првата фаза е закажан за 16 јануари против Швајцарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски бара Бугарија да го испорача бегалецот…
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека…
Мицкоски: Владата сега се задолжува за да…
По обвинувањата од опозицијата дека Владата за…
Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за…
На предлог на гувернерот на Народната банка…
Приведен насилник: Ги тепал своите сопруга и…
На 01.09.2026 во 22:30 часот во струмичко…
Јаневска: Наставниците во март 2027 година добиваат…
Нов раст на примањата ги очекува наставниците…