Лазаров: Не можам да разберам зошто, но проблем ни е реализацијата!
Алкалоид загуби од Војводина со 26-31, главно поради своите грешки во нападот и промашените зицери, во првото коло од Европската лига. Токму тоа го нагласи и тренерот Кире Лазаров како главен фактор за поразот.
Тој кажа дека Војводина заслужено победи на овој меч бидејќи беше подобар ривал, а Алкалоид не ги искористи своите шанси.
„Зборував и вчера во најавата дека Војводина е подобар тим. Тие денеска заслужија да победат, беа подобри и сакам да кажам дека се десет пати едноподруго шампиони на Србија, а тоа значи многу. Ќе бидат подобри и подобри. Не сум задоволен од мојот тим, бидејќи ако утнете пет пенали во еден сериозен меч, не знам што повеќе да кажам. Промашивме вкупно 21 шут и пет пенали, а со тоа е невозможна мисија да се победи против тим како Војводина“, изјави Лазаров на прес-конференцијата.
Тој го истакна нападот како причина за поразот, имајќи предвид дека неговиот тим реализира 26 од 45 шута, во нив пет од девет пенали. Нагласи дека реализацијата е проблем кој се провлекува веќе подолго време и во домашното првенство.
„Мислам дека нашиот проблем денеска не беше во нашата одбрана, туку во нападот. Тешко беше да се надигра нивната одбрана, квалитетна, цврста, борбена, а потоа и брзи и лесни голови од контра. Имаше и добри работи, штом креираме толку седмерци значи има добро, но не успеавме да ги реализираме. Имавме и доста зицери. Меѓутоа не е само денеска, вака е и во македонското првенство, само што квалитетот овде е повисок од македонското првенство. Имаме проблем со реализацијата и мора да поработиме на тоа. Денеска беше огнено крштевање за некои играчи во Европа и можам да разберам, но во македонското првенство не можам да го разберам. И минатата сезона имавме вакви наптревари со лоша реализација со посилни противници, кои ги губевме. Е сега дали е психолошки проблем, дали е тренерска грешка… не знам. Важно ни фалеше реализацијата за да бидеме покомпетитини со големи екипи“, рече Лазаров.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев ја брани Русија: Дали Европа не…
Бугарија соодветно реагирала на случајот со дронот…
Volkswagen ќе укине 100.000 работни места –…
Германскиот автомобилски гигант Volkswagen ќе укине дополнителни…
Два авиона за малку ќе се судреа…
Пет од десетте контролори на летање кои…
Автомобил и автобус на ЈСП се судриле…
Патничка во скопски градски автобус вчера завршила…
Вкупно 31 пожар на отворен простор се…
Вкупно 31 пожар на отворен простор се…