Лаутаро: ВАР уништува сè!
Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез беше бесен откако „нераѕурите“ одиграа само 2:2 со Монца, сметајќи дека неговиот клуб е оштетен за гол кој беше неправилно поништен.
Интер имаа 2:1 водство на гости со головите на Матео Дармијан и Мартинез, но примија гол во судиското продолжение откако обидот на Лука Калдирола се одби од Дензел Дамфрис. Но, Лаутаро беше бесен за голот кој го постигна Франческо Ачерби, откако судијата веќе свиреше фаул, кој подоцна се покажа дека е судир на двајца играчи на Монца. Бидејќи судијата веќе нправи одлука, ВАР не интервенираше и голот остана поништен.
„Секако дека има голема разлика, бидејќи тој момент го смени мечот. Кога по четири-пет години користење ВАР има вакви грешко што да кажам. Не го сакам ВАР, а денеска уништи сè за нас. И тоа не е само сега, вакви работи не се добри за фудбалот“, вели Лаутаро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа
Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…
Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…
Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…
Експлозија во уште едно складиште за оружје…
Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…
Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…
Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…
Трамп не се противи Кина да произведува…
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека…