ЛДП слави 29 години постоење: Македонија може повеќе и мора подобро
„На 19 април 1997 година, во Македонскиот народен театар, визијата за модерна, европска и слободна Македонија ги обедини Стојан Андов и Петар Гошев во создавањето на Либерално-демократска партија. Денес, 29 години подоцна, ЛДП останува гласот на разумот, коректив на системот и доследен носител на либералната идеја – идеја што не прифаќа компромиси кога станува збор за слободата, правдата и достоинството на граѓаните“, велат денеска од ЛДП на годишнината од формирањето на партијата.
Оттаму велат дека либералната демократија не е декларација туку е борба против заробени институции, корупција, против систем што ги наградува послушните наместо способните.
-ЛДП јасно порачува: Македонија може повеќе, Македонија мора подобро. Не прифаќаме нормализација на неправдата, ниту тивко помирување со просечноста.
Горди на историјата, но фокусирани на иднината – продолжуваме посилно, похрабро и погласно. Со силна енергија, јасна визија и непоколеблива верба дека вистинските вредности секогаш наоѓаат пат.
ЛДП не е само партија, туку движење на слободни луѓе што веруваат дека „не се сите исти” – и токму затоа, борбата продолжува…. Се додека Македонија не стане либерална демократија, стои во соопштението од партијата на Моника Зајкова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЛДП бара „главните партии“ да вратат 4…
Ова што го прават СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ…
ЛДП бара Владата да се огради од…
Либерално-демократската партија најостро ја осудува секоја форма…
„Не се гордејте со просекот на матурата…
Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение реагира на…
Во секоја општина да се отвори семеен…
По последните случаи со насилство во Гостивар…
На предлог на ЛДП и ЛИБСЕН евролибералите…
На предлог на ЛДП и ЛИБСЕН, Европските…