ЛДП со најостра осуда на националистичките ставови на Касами: Во недостаток на идеи ги влошуваат меѓуетничките односи
Во недостаток на идеи и проекти дел од опозициските партии продолжуваат да играат на картата на национализмот и да се обидуваат да ги влошат меѓуетничките односи и да ги разнишаат европските вредности.
Либерално-Демократската партија најостро ја осудува скандалозната објава на лидерот на БЕСА и градоначалник на Тетово, Билал Касами, во која на социјалната мрежа Фејсбук напиша „Добредојдовте во албанскиот главен град во Македонија!“.
Либерално–Демократска партија упатува порака дека Македонија е мултиетничка држава и Тетово е и ќе биде мултикултурен град, а не главен град на Албанците.
Како либерал-демократи секогаш приоритет ќе ни биде почитување и обезбедување еднакви права и можности за сите граѓани на Македонија.
Симптоматично е што оваа објава доаѓа само неколку недели по барањето за формирање Заедница на албански општини, по теркот на она што се договара за Косово, барање кое дојде од Алтернатива, уште една опозициска партија од албанскиот политички блок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Не се гордејте со просекот на матурата…
Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение реагира на…
Во секоја општина да се отвори семеен…
По последните случаи со насилство во Гостивар…
На предлог на ЛДП и ЛИБСЕН евролибералите…
На предлог на ЛДП и ЛИБСЕН, Европските…
Зајкова: Ни се потсмеваа пред една година…
По последните информации кои доаѓаат од Град…
ЛДП слави 29 години постоење: Македонија може…
„На 19 април 1997 година, во Македонскиот…