ЛДП: Членство во ЕУ ќе обезбеди подобар општествен и политички живот

t

Ние сме партија која е најблиску до индивидуата, партија од граѓаните за граѓаните, која што од своето создавање до денес ги застапува и штити правата на граѓаните и овозможува слободно изразување на индивидуата во македонското општество, соопшти ЛДП, која викендов во Скопје одржува таканаречено стратешко планирање на партијата.

„Стратешкиот план на ЛДП е документ кој ќе служи за поставување на основите на работење на партијата и поставување на нејзини цели во претстојниот период. Стратешкото планирање е модерен и демократски начин на проектирање на посакуваната иднина и темелно осмислување на секој чекор кој не води кон утврдената цел, а со овој стратешки план ги воспоставуваме своите цели, политики, но и се поставува Стратегија за интерна комуникација“, велат од партијата.

Според ЛДП, клучно и најважно е дека треба да вложува во натамошниот раст и развој на партијата, следејќи ја својата идеологија и стратешки цели, со цел обезбедување на подобро позиционирање на политичката сцена и транспарентно креирањето политики.

„Од особена важност за државата, но и за партијата како македонска партија со голема меѓународна либерална поддршка е и членството во Европската Унија кое ќе обезбеди подобар општествен и политички живот во Република Македонија“, истакнуваат од ЛДП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Не се гордејте со просекот на матурата…

Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение реагира на…

Во секоја општина да се отвори семеен…

По последните случаи со насилство во Гостивар…

На предлог на ЛДП и ЛИБСЕН евролибералите…

На предлог на ЛДП и ЛИБСЕН, Европските…

Зајкова: Ни се потсмеваа пред една година…

По последните информации кои доаѓаат од Град…

ЛДП слави 29 години постоење: Македонија може…

„На 19 април 1997 година, во Македонскиот…