Левица: ДПМНЕ избега од расправа за дивоградбите – Левица поддржува расправа за дивоградбите во сите општини

t

Фејсбук статус на советничката на Левица во град Скопје, Катерина Јовановска.

Денес требаше да се одржи вонредна седница на Советот на Град Скопје во врска со дивоградбите во Чаир и другите општини. За тоа што се случи во Советот денеска, театар е мал збор.

Најпрво не се изгласа оправданоста за одржување на вонредната седница затоа што немаше мнозинство – ДПМНЕ, ДУИ и ЗХГ гласаа воздржано, но на поединечното гласање  ЗХГ гласаа  ЗА, па се обезбеди мнозинство за да започне седница.

Но, веднаш потоа кога се гласаше дневниот ред, повторно ДПМНЕ,  ЗХГ и ДУИ  беа воздржани и истиот не беше усвоен и со тоа вонредната седница за дивоградбите во Чаир и другите општини  не се одржа.

И тука почнува вистинскиот театар:

– ДПМНЕ поднесоа барање за нова вонредна седница за дивоградбите во Сарај и другите општини.

– Кога видоа од ДПМНЕ дека сите советници ќе го  подржат  барањето и за таа вонредна седница и откако видоа дека поднеле барање и за другите општини, (а не само за Сарај), незнаејќи како да постапат, прво се повлекоа на координација, а потоа го повлекоа барањето  за вонредната  седница, кои самите тие го поднесоа, а кое сите ќе го подржевме, очигледно со единствена цел да не се дискутира за дивоградбите во Чаир.

Со тоа заврши и таа вонредна седница уште пред да почне. Зошто советниците на ДПМНЕ побегнаа и не сакаа да се одржат  вонредните седници за дивоградбите во Чаир, Сарај и во другите општини во Скопје, дали и кого штитат и што сакаат да сокријат од јавноста,  претпоставете сами.

Колеги советници од ДПМНЕ, ако навистина го штитите интересот на народот, а не на урбаната мафија, еве јавно објавувам дека советничката група на Левица ќе го поддржи секое барање за дискусија за дивоградбите и во Чаир и во Сарај и секаде во Скопје, само осмелете се (ако смеете) и не бегајте од седниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не…

Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети…

ВМРО-ДПМНЕ за 23 Октомври: Македонија е наследство…

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 23 Октомври…

ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…

Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…

Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…