Левица: ДПМНЕ одби амандман за ин-витро ваучери

t

Во низата амандмани кон Предлог-Буџетот за 2026 година, Левица бараше да се зголеми буџетската ставка за биомедицински потпомогнато оплодување за дополнителни 5 милиони евра. Причината е едноставна – Македонија се соочува со пад на наталитетот, а една од причините е и здравствената дисфункција која спречува многу семејства да добијат свое дете. Во такви услови, програмата за ин-витро мора да биде засилена, а не оставена да запаѓа во бирократска летаргија, објавија од опозициската партија на Фејсбук.

– Пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил- Хактан, посочи дека и покрај тоа што Фондот за здравствено осигурување нуди ваучери, самите корисници и понатаму плаќаат речиси половина од целата процедура од свој џеб. Тоа ја поништува суштината на програмата и наместо вистинска поддршка, станува само делумна помош што за многу семејства е финансиски недостижна. Зголемувањето на средствата е првиот чекор кон поправичен и функционален систем, кој ќе им го олесни товарот и ќе им даде реална шанса на семејствата што најмногу ја чувствуваат оваа борба.

Сепак, владејачкото мнозинство предводено од ДПМНЕ без дебата, го одби и овој амандман. Наместо да изберат политика што навистина го поттикнува наталитетот, избраа да ги игнорираат реалните потреби на граѓаните и докажаа дека нивните грижи и мантри за наталитетот се само празни зборови или десничарски диктаторски чинови со коишто на граѓаните, без обезбедување на соодветни услови и можности, им наредуваат да имаат повеќе деца. – стои во објавата на Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори…

„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен…

ВМРО-ДПМНЕ: Абази го затвори предметот за модуларните…

Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО…

ВМРО-ДПМНЕ: Економските резултати се мерат со бројки,…

Економските резултати се мерат со бројки, а…

Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници…

Со нови проекти, нови производствени капацитети и…