Левица: Државата им го одзема здравството на луѓето кога им е најпотребно
На седница на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот од Левица, м-р Реџеп Исмаил – Хактан, алармираше дека постојното законско решение создава апсурдна и неправедна ситуација во која граѓаните го губат правото на здравствено осигурување токму во моментот кога им е најпотребно, за што пратеничката група на Левица поднесе измени кон Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување:
„Кога луѓето ќе изгубат работа, не само што тие не можат да остварат право на здравствено осигурување, туку и нивните семејства го губат истото право, само затоа што во претходната година го надминале лимитот, којшто е навистина низок и изнесува околу 4.700 евра.
Баш во моментот кога остануваат без работа, кога семејниот буџет им е оштетен и кога им е најпотребно да одат во здравствените институции, тие се приморани дополнително да плаќаат за да можат да го користат тоа право.
Со предложените измени предвидуваме овој лимит да се укине и луѓето кои не се вработени, како и членовите на нивните семејства, да бидат здравствено осигурани во целост на товар на Фондот за здравство.
Целта е да се достигне универзално здравствено осигурување за сите граѓани, што е и уставна категорија!”
Исмаил посочи дека предложените измени се насочени кон враќање на правичноста во системот и обезбедување реална заштита за граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Државата им го одзема здравството на…
На седница на Комисијата за финансирање и…
СДСМ поднесе закон: Двојно државјанство да не…
Пратеничката група на СДСМ поднесе Предлог-закон за…
На Мицкоски му се „сè посилни“ чувствата…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека чувствата за…
ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал…
Блискоста на Заев и Филипче и ден…
ДУИ: Промена на правилникот за цени на…
Демократската унија за интеграција обвинува дека граѓаните…