Левица за „Next e.go“: Прелевање на народни пари од државната каса на лица блиски до ДУИ

t

Камен темелникот за наводната фабрика за електрични возила и најавата на Артан Груби за државна помош од 130 милиони евра, не е ништо друго, освен прелевање на народни пари од државната каса во буџетот на лица блиски до ДУИ, се вели во соопштението на Левица.

Од партијата велат дека зад компанијата „Next e.go“ стои „Еколог Интернационал“ и семејството Дестани, кое е поврзано и со фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово.

„За сопственикот Љазим Дестани во 2020 година се шпекулираше како еден од можните кандидати премиери албанци во тогашната кампања на ДУИ за премиер Албанец, а членови на ова семејство се редовни гости на настани организирани од албанската политичка елита. Најавената помош од 130 милиони евра доаѓа во период кога Македонија се соочува со голема социо-економска криза, токму поради погубните социо-економски политики на владата предводена од ДУИ и СДСМ“, потенцираат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четворица косовски Срби обвинети за тероризам, поради…

Специјалното обвинителство на Косово подигна денеска обвинение…

Орбан: Украина нема да може да ја…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…

УЖАС: Маж држел како робови возрасен човек…

34-годишен маж од Србија е обвинет дека…

(Видео) Советниците на ДПМНЕ во Карпош блокираат…

Најавата за блокада на буџетот на Општина…

ЕУ дава 1.8 милиони евра за Албанија,…

Високиот претставник на Европската унија за надворешна…