Левица: Извештајот на ЕК го потврди анти-европското владеење на СДС и ДУИ
Реакција на Политичката партија Левица
Извештајот на Европската комисија (ЕК) за изминатата година ја потврди оценката која граѓаните веќе ја знаат, а тоа е дека Македонија нема напреднато милиметар во европскиот пат, во ниту една од областите кои се поделени во 33-те поглавја на 6-те кластери. Досега, појасна порака дека Владата на СДС и ДУИ, покрај анти-државната, води и анти-европска политика немаме добиено!
Катастрофално судство, анти-европски закони, ЗЛОУПОТРЕБА на европско знаменце, корупција во подвиг, администрација во статус-кво, неспроведување на препораките на
ОБСЕ повеќе од 10 години, социјална исклученост на лицата со посебни потреби и најбавен економски напредок во регионот, се само дел од оценките кои го „красат“ Извештајот на ЕК, за изминатава година дивеење на СДС и ДУИ.
Најголем дел од забелешките во Извештајот на ЕК се токму проблемите кои политичката партија #Левица веќе ги има укажано, како до државните институции, така и од собраниската говорница. За решавање на голем дел од нив веќе се поднесени предлог-законски решенија, кои или стојат во фиоката на Џафери, или заеднички се одбиени од СДС и ДПМНЕ.
Дел од проблемите нотирани во извештајот се апсолутно истите оние кои беа нотирани и пред повеќе од десет години. Интеграцијата во ЕУ останува само празна фраза на владејачката политичка елита, додека единственото кое тие го спроведуваат е злоупотребувањето на европските фондови за нивните лукративни нагони, кои полека излегуваат на површина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…
ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ „НВИДИА“: Директорот призна…
Извршниот директор на американскиот технолошки гигант „Нвидиа“,…
Брнабиќ предупреди на дестабилизација на Србија
Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана…
Отворена истрага против 24-годишниот напаѓач од Краков:…
Обвинителството во Краков денеска отвори истрага против…