Левица: На ДПМНЕ и Мицкоски им порачуваме да не се бламираат – Левица има кандидати за градоначалници во Тетово, Гостивар и Струга, ДПМНЕ коленичи пред ВРЕДИ
Со искрено неверување ги следиме бламирачките изјави на Мицкоски и ДПМНЕ ги следиме изјавите на Мицкоски и ДПМНЕ по повод кандидатурите на Левица за градоначалници во Тетово, Гостивар и Струга, соопштија денеска од Левица по однос на изјавите на премиерот Мицкоски дека Левица одработува за ДУИ.
Во продолжение целосното соопштение на партијата:
– Од патетични флоскули за „горда Македонија“, паднавте на ниво да напаѓате партија која единствена има храброст да понуди сопствени кандидати во општини каде што вие и СДСМ КУКАВИЧКИ се повлековте и одлучивте да ги поддржите ВРЕДИ и ДУИ.
Вие, кои од петни жили ги браните кандидатите на ВРЕДИ, немате никакво морално право да ѝ држите лекции на Левица. Се спуштивте на ниво вашиот помал коалиционен партнер да не ви прави никакви отстапки – па така, на пример, во Град Скопје извади свој кандидат за градоначалник без да ве праша.
Поврзувањатта на Левица со ДУИ се крајно смешни. Ние никогаш сме немале договори со ДУИ и така ќе остане.
Пример за тоа се бројните кривични пријави поднесени единствено од наша страна против функционери од ДУИ.
Токму ДПМНЕ е симболот на коалицирање со ДУИ, како во минатото – така и сега: заедно владеевте со години, заедно ги амнестировте т.н. Хашки случаи, заедно гласавте и гласате штетни одлуки во советите како во Велес и Куманово, заедно носите двотретински закони во Собранието преку политички пазар, вие го пуштивте Артан Груби во бегство и до ден денес владее молк за тој случај.
Дали според вас македонскиот народ треба да гласа за кандидати како Касами кој отворено заговара федерализација на Македонија и негира сè што е македонско? Дали тоа е вашата визија за „горда Македонија“?
Левица понуди опција и кандидираше луѓе со знаење, интегритет и визија:
За Струга – Јована Мојсоска, актуелна пратеничка и генерален секретар на Левица
За Тетово – д-р Катка Божиновска, доктор на правни науки
За Гостивар – Дарко Грујоски, ИТ-специјалист
За разлика од вас, кои својата судбина и достоинство ги продадовте на коалициските пазари, Левица ја води борбата со свои сили, луѓе и со чист образ.
Гласот за Левица е јасна порака дека народот повеќе не е заложник на вашите криминални коалициски математики и сака вистинска промена единствено во интерес на граѓаните. – стои во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…
Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…
Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…
Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…
Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…
ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…
Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…