Левица: Од каде се парите на ДПМНЕ за да поседуваат 102 имотни листови?!
Политичката партија „Левица“ во соопштение до јавноста наведува дека партијата ВМРО-ДПМНЕ во имотниот лист има запишано 102 имоти.
ВМРО-ДПМНЕ во својот имотен лист има запишано неверојатни 102 имота распоредени на атрактивни локации низ цела држава. Кога ќе се погледнат добро 102-та имотни листа, во нив ќе се видат не само објекти, туку и шуми, ливади, пасишта, ниви!? Имајќи ја предвид нивната мегаломанска бела палата и сите овие 102 имота, ВМРО-ДПМНЕ е најбогатата политичка партија не само во Македонија, туку и во Европа! Од Левица јавно прашуваме и бараме директен одговор од ВМРО-ДПМНЕ: Колку е вредноста на сите овие 102 имота, запишани на 102 имотни листа и од каде ви се средствата со кои сте ги купиле? На народот му должите одговори, а не замајување на јавноста со избегнување на одговорот и во вмровски стил – вртење на темата во друга насока. На народот му должите одговори, бидејќи наспроти луксузот во белата палата на ДПМНЕ, се распаѓаат крововите на болниците. Наспроти вредноста на вашите над сто имота, вие како власт немате пари за лекови! Како власт не водите сметка да има пари за центар за изгореници! Не издвојувате пари за зголемување на минимална плата! Немате пари за противпожарни возила! Немате пари за наставниците, за персонал во градинките, за земјоделците, за стечајците, за работниците! Ненаситно и бездушно сте насочени кон остварување на вашите капиталистички интереси, кон градење на суров капитал без око да ви трепне за основната егзистенција на народот, пишува во партиското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори…
„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен…
ВМРО-ДПМНЕ: Абази го затвори предметот за модуларните…
Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО…
ВМРО-ДПМНЕ: Економските резултати се мерат со бројки,…
Економските резултати се мерат со бројки, а…
Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…
ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници…
Со нови проекти, нови производствени капацитети и…