Левица поднесе преставка за Гаши до Антикорупциска зошто ја носел сопругата во Вашингтон на службено патување

t

Левица поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за претседателот на Собранието, Африм Гаши. Тој во својство на службено лице ја злоупотребил својата положба ненаменски и за друго лице трошејќи државни средства така што во периодот од 7 до 10 јули 2024 година кога бил на неколкудневно службено патување во Вашингтон (САД), како дел од парламентарната делегација ја вклучил и својата сопруга информираат од партијата.

– Со тоа што ја зел во придружба сопругата во Вашингтон, Претседателот на Собранието, Африм Гаши, со своето самоволие ги прекршил законските и подзаконски одредби за спречување на корупција и судир на интереси и водејќи се од лични, семејни, интереси дрско ја прекршил обврски за наменско трошење на јавните средства и забраната јавните средства да се користат за друго лице. Јелиз Гаши иако не извршува никаква службена должност и таа во својство на сопруга на претседателот на Собранието, отпатувала и престојувала во Вашингтон (САД) на сметка на Собранието на Република Македонија. Согласно со чл. 77, ст. 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси Левица бара Гаши:

– Да ја надомести висината на трошоците направени за неговата сопруга за време на службеното патување на начин што истите ќе ги уплати на сметката на Државниот буџет;
– Да биде соодветно парично казнет со глоба и да се покрене соодветна прекршочна постапка против него за негова одговорност, се вели во соопштението од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жалбата на пратеничката Мојсоска уважена: Собранието ќе…

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот…

Москва тврди: Западот подготвува провокација против американски…

Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) обвини…

Арсовска го фати жив Ѓорѓиевски: На УСЈЕ…

Добро утро Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е…

Брутален руски напад на Киев – најмалку…

Најмалку 15 лица се убиени, а 114…

(Фото) Закани кон родителите од Кочани: Не…

Продолжува голготата за родителите на починатите деца…