Левица: Присилување, уцени и закани да се извадат бугарски пасоши во Ресен – Ресенчани против отварање на нов фашистички клуб!
Ресенчани се против отварање на нов бугарски клуб, реагираат од Левица.
Политичката партија Левица јавно ги поддржува жителите на село Евла (Ресен) кои гласно се изјаснаа против отворањето на бугарски клуб во нивното село.
Според неофицијални информации, локален бизнисмен подолг период најавувал отворање на бугарски клуб, а постојат и сомнежи дека се врши притисок врз локалното население да земат бугарски пасоши.
Според информациите на Левица, се работи за бизнисмен на кој безрезервно му се даваат на искористување природните капацитети за експлоатација.
За време на претходната гарнитура на ДПМНЕ, тој добил концесија за стопанисување со езерото, а со новата власт на СДС добил концесија за ловиште.
Ги повикуваме институциите и министерот Oliver Spasovski да испитаат на кој начин и од какви извори се донираат средства за овие клубови, со оглед на тоа што се работи за директно поткопување на суверенитетот на Македонија, велат од Левица.
Претходно Инфомакс ексклузивно објави дека по Битола и Охрид има најава за отварање и на нов бугарски клуб во Ресен, а локален шериф им се заканувал на жителите на селото Евла дека ќе мора да се иселат ако не извадат бугарски пасоши.
Џелиот текст ТУКА!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Левица: Ако за нешто треба да се…
Не се точни изјавите на Мицкоски дека…
Левица бараше една изборна единица и укинување…
Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…
ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…