Левица реагира: Цементарницата Усје си ја пере совеста преку донации, поради неспособноста на општината и на Тимчо Муцунски!
Најголемиот трујач на жителите на Аеродром цементарницата Усје си ја пере совеста преку донации, поради неспособноста на општината и на Тимчо Муцунски да реализира капитални проекти во Аеродром.
Изминатиов период сведоци сме на енормно загадување во воздухот во нашата општина и пошироко. Градските инспектори и инспекторите од министерството за животна средина утврдија дека Цементарницата Усје испушта отровни честици неколку пати над дозволената граница.
И покрај тоа што инспекторатите утврдија недозволено испуштање на отровни честици медиумската машинерија на ВМРО ДПМНЕ целосно и недвосмислено застана позади најголемиот трујач на амбиенталниот воздух во општина Аеродром и пошироко. Цементарницата Усје ја ужива целосната поддршка и заштита од градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ.
Затоа прашуваме:
До кога градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ на чело со Тимчо Мицунски ќе дозволуваат најголемиот трујач на жителите од општина Аеродром и на Скопје да си ја пере совеста преку ситни донации за фасади на училишта, нешто за што општината треба да си издвои сопствени средства?
Дали животите на жртвите на загадениот воздух кои се бројат во иљадници годишно, меѓу кои се и илјадници деца со хронични респираторни болести и астма, а според медицинските лица и доживотно намален капацитет на белите дробови на огромен број деца во Скопје, вредат колку една фасада на основно училиште?
Левица нема да преќутува на ова коруптивно делување на градоначалникот Тимчо Муцунски кое ги кошта здравје и живот сите жители на општина Аеродром, а особено нашите деца!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Син ја нападнал мајка си во тетовско
24-годишно момче е приведено во Тетово откако неговата…
15.000 потписи за електронски алки за насилниците…
Петнаесет илјади граѓани за помалку од три…
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
Нафтата падна на најниско ниво од август…
Светските цени на нафтата продолжуваат да паѓаат,…
Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…
Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…