Легендарниот Зинедин Зидан назначен за селектор на Франција
Француската фудбалска федерација ја потврди големата вест – Зинедин Зидан е новиот селектор на репрезентацијата на Франција. Легендарниот фудбалер на „триколорите“ го наследува Дидие Дешам и за првпат во својата тренерска кариера ќе предводи национален тим.
Назначувањето на Зидан долго време беше очекувано, а сега и официјално е ставена точка на сите шпекулации. Француската легенда, која како играч остави неизбришлива трага во историјата на репрезентацијата, добива задача да ја продолжи успешната ера на Франција.
За 54-годишниот стратег ова ќе биде прв селекторски предизвик. Досега работеше само во клупскиот фудбал, каде што најголемите успеси ги оствари со Реал Мадрид. Со шпанскиот гигант Зидан освои три последователни трофеи во Лигата на шампионите, а воедно додаде и бројни домашни титули.
Како фудбалер, Зидан беше еден од клучните играчи во најголемите успеси на Франција – триумфот на Светското првенство во 1998 година и освојувањето на Европското првенство во 2000 година.
По промоцијата, Зидан истакна дека функцијата селектор на Франција за него претставува огромна чест, но и голема одговорност.
„Нема ништо поголемо од француската репрезентација. Огромна чест, радост и гордост е да станам селектор на Франција. Во исто време, тоа е и голема одговорност. Му благодарам на претседателот Филип Дијало, на Извршниот комитет и на Француската фудбалска федерација за довербата. Благодарност заслужуваат и Дидие Дешам и неговиот стручен штаб за сè што направија во изминатите 14 години“, изјави Зидан.
Новиот селектор најави дека има високи амбиции и верува дека Франција има квалитет да продолжи со освојување трофеи.
„Оваа репрезентација има огромен потенцијал. Имам големи амбиции и верувам дека можеме да продолжиме да пишуваме успешна историја“, порача Зидан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Франција е поништен законот со кој…
Францускиот уставен совет, телото кое проверува дали…
Дипломатски скандал ја тресе Франција – млади…
Франција покрена дисциплинска постапка против својот амбасадор…
Софи Адено ќе стане првата Французинка што…
Минатиот февруари, Софи Адено влезе во историјата…
Медузи ги запреа трите реактори на една…
Голем рој медузи предизвика привремено запирање на…
(Видео) Напад на полицајци со нож во…
Двајца француски полицијци синоќа биле повредени со…