Објавено на:

Легенди: Граѓаните на Лесковац собираат пари да ѝ платат на Карлеуша да НЕ пее на Роштиљада!

t

Граѓаните на Лесковац почнаа кампања за собирање пари за да ѝ платат на Јелена Карлеуша да не пее на овогодинешната Роштиљада, откако градоначалникот на Лесковац, Горан Цветановиќ, попознат како Фараон, најави дека Карлеуша ќе ја отвори 32-та Роштиљада со настап од 20.000 евра.

Движењето за Лесковац покрена иницијатива заедно со граѓаните да собере хонорар и да и понуди на Карлеуша да не пее на манифестацијата која е заштитен знак на Лесковац.

-Покренуваме кампања за пронаоѓање на 20.000 лесковци кои се спремни да дадат по едно, две, три или повеќе евра (до службената такса за настапот, па дури и повеќе, доколку треба) за да се соберат доволно средства за хонорарот што ќе и го понудиме за да не пее во центарот на нашиот град, се наведува во соопштението на движењето.

Додаваат и дека сите собрани пари, доколку Карлеуша одбие да ги земе, во договор со граѓаните ќе бидат исплатени во хуманитарни цели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Kaрлеуша се запозна со Георгина на…

Јелена Карлеуша и Ѓорџина Родригез се запознаа…

Легенди: Граѓаните на Лесковац собираат пари да…

Граѓаните на Лесковац почнаа кампања за собирање…

Македонец заработи кривична пријава во Србија: Возел…

На автопатот кај Мала Копашница во Лесковац…

Детали за “филмското” убиство во Лесковац: Биљана…

Српската полиција телото на Иван Стојановиќ (40) од…

Подгответе се за шок: Еве какво образование…

Меѓутоа, јасно било дека Ноле не може…