Лечи фустрации: Сакаме да ја победиме Македонија и тоа со огромна разлика

t

Репрезентацијата на Швајцарија неочекувано ремизира на завчерашната средба против Франција (26-26), во меч во кој имаше напад и за победа, поради што се уште има теоретски шанси за пласман во следната рунда во пресрет на вечерашната пресметка со Македонија.

На Швајцарците во дуелот со нашите момци им треба победа и тоа со огромна разлика, со оглед што имаат далеку полоша гол-разлика во однос на „галските петли“. Математиката вели дека за пласман понатаму им треба односот на разликата во нивната победа над жолто-црвените и поразот на Французите против Германија (кој им е неопходен за воопшто да бидат во игра) да биде поголем од 23, што реално е тешко остварливо.

Тоа го знае и голманот Никола Портнер, кој и покрај тоа нема да се предаде се до последниот свир на судиите.

„Нема за ништо или бесцелно да го одиграме последниот натпревар. Ние сè уште имаме шанса за втората рунда и така ќе се однесуваме. Ќе дадеме максимум, ќе се обидеме да го победиме солидниот тим на Македонија и тоа со што поголема разлика. Сепак, ништо не е во наши раце, но ќе се надеваме на најдобро“, изјави Портнер.

Средбата помеѓу Македонија и Швајцарија ќе се одигра вечерва во „Мерцедес Бенц арената“ во Берлин со почеток во 18 часот, додека Германија и Франција ќе ги одмерат силите од 20.30 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Урсула фон дер Лајен следната недела во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Серија дојави за бомби ги крена борбените…

Унгарија денеска трипати ги крена борбените авиони…

Трамп: „Суперинтелигенцијата е ЗЛАТО, само луди лидери…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази силна…

Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…

Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…