Лидерот на чешката опозиција добил заканувачко писмо со куршуми во него
Претседателскиот кандидат и лидер на најсилната чешка опозициска партија АНО Андреј Бабиш денеска на вонредна прес-конференција соопшти дека на 19 јануари добил писмо во кое имало куршум и закани упатени до неговата сопруга Моника.
„Телохранителите ми предадоа писмо кое беше наменето за мојата сопруга Моника. Во пликот имаше куршум и анонимна порака полна со навреди“, рече Бабиш.
Бабиш се заблагодарил на полицијата за брзата реакција и додал дека е покрената истрага за овие закани, пренесува порталот iDNES.cz.
Претседателскиот кандидат и пензиониран генерал на НАТО Петр Павел, кој ќе се бори со Бабиш за гласови во вториот круг од претседателските избори во Чешка на 27 и 28 јануари, го осуди инцидентот, но не ја пропушти можноста да го критикува својот противник.
„Ги осудувам говорот на омраза и заканите упатени до Андреј Бабиш“, напиша Павел на Твитер и додаде дека атмосферата е тензична пред се поради „анти-кампањата предводена од Бабиш“, пренесува Танјуг.
Павел го повика Бабиш „да ги симне билбордите кои им се закануваат на луѓето со војна“ и да започне „цивилизирана кампања“.
Веднаш по објавувањето на резултатите од првиот круг од претседателските избори, одржан на 13 и 14 јануари, Бабиш го спореди Певал, кој постигна блага предност, со претседателот на Русија, Владимир Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Воен хеликоптер со пет војници се урна…
Воен хеликоптер на чешката армија со пет…
Чешка планира да забрани мобилни телефони во…
Чешката влада поднесе закон за забрана на…
„Илузија е дека ќе завладее мир во…
Претседателот на Чешка, Петр Павел, пред кадетите…
Чешка веројатно нема да ја исполни целта…
Чешка годинава веројатно нема да ја исполни…
Чешката полиција фати дрога во автомобилот на…
Чешката полиција го ослободи рускиот православен епископ…