Лидл ќе гради логистички центар во Куманов: За земјиште од 17 хектари вчера понуди 5,3 милиони евра
Компанијата „Лидл“ ќе гради логистички центар во индустриска развојна зона во Горно Коњаре кај Куманово.
Компаниата купи поршина од 17 хектари (170.996м2) за кои ќе плати 5,3 милиони евра.
Информацијата денеска ја обелодени Општина Куманово која информира дека вчера на јавно наддавање продаде земјиште на трговскиот ланец „Лидл“ за изградба на логистички центар.
На јавното наддавање по пат на електронска аукција учестувале 3 компании.
„Најповолен понудувач со највисока понудена цена имаше компанијата ДТМ ЛИДЛ Северна Македонија ДООЕЛ, со седиште во Скопје. Најповолната понуда изнесува 1906 денари за 1м2, или вкупно за 170.996м2 (~17ха) е 325.920.015 денари (~5,3 милиони евра)“, соопшти општината.
Кко што е соопштено, по завршување на административната постапка за избор на најповолен понудувач и по исполнување на сите услови пропишани во јавниот повик, имотот ќе премине во сопственост на најповолниот понудувач по што ќе следува реализација на инвестицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…
Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…
(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…
На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…
Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…
Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…
Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…
Запрен романски камион во возната лента можеби…