Литванија ќе бара да се распореди НАТО војска на нејзина територија
Литванија ќе бара распоредување на бригада на НАТО на нејзина територија, изјави претседателката на литванскиот парламент Викторија Цмилите-Нилсен.
„За нас е многу важно да се осигураме дека источното крило на НАТО е зајакнато и добро заштитено и ќе продолжиме со преговорите со нашите сојузници за распоредување на воен контингент со големина на бригада во Литванија“, рече таа на онлајн конференција на Институтот Хадсон.
Според Цмилите-Нилсен, ваквите планови се „многу рационални и реални“ во проценката на ситуацијата во регионот.
НАТО во 2017 година распореди постојани сили за одвраќање од околу 1.000 војници во секоја од балтичките земји. Во Естонија, борбената група ја предводеше Велика Британија, во Латвија – Канада, во Литванија – Германија, во Полска – САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Путин нè тестира и нè приближува до…
Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…
Сиљановска Давкова на средба со командантот на…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во седиштето на Врховната…
Србин осомничен за тероризам, со соучесник ги…
Литванските власти соопштија дека двајца осомничени за…
„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…
НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…