Лице од Велешта со прострелни рани примено во струшката болница, полицијата ги истражува случајот
Педесет и петгодишно лице од Велешта денеска е примано во струшката болница со две прострелни рани во градниот кош. Случајот во полиција го пријавил лекар од Општата болница во Струга.
– Во ОВР Струга е пријавено дека во Општата болница во Струга, со прострелна рана е примен Д.Б. (55) од струшкото село Велешта. Полицијата врши увид на местото на настанот и презема мерки за разјаснување на околностите под кои се случило пукањето, изјави за МИА портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Според првичните информации, настанот се случил во куќа во Велешта, во која не живеел никој, а била во сопственост на близок роднина на повредениот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…
Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…
ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…
Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…
НЕВИДЕН СКАНДАЛ ВО РОМАНИЈА: Речиси половина од…
Невиден скандал ја потресува романската престолнина Букурешт,…
Жена од Пехчево нападната од својот сопруг,…
На 18.11.2026 во 01:30 часот во Пехчево,…
Разбиена крајнодесничарска група во Пловдив која се…
Бугарската полиција приведе 11 лица, меѓу кои…