Лишен од слобода нападнатиот полицаец кој во борба со шверцерите усмрти мигрант

t

Утрово во 6 часот и 20 минути полициски службеници забележале две возила кои превезувале мигранти. Откако полицијата ги застанала возилата, мигрантите се обиделе да избегаат, при што полициски службеник се обидел да пука во воздух, со цел да спречи бегство на мигрантите. Шверцерот на мигрантите го нападнал полицаецот и пробал да му го одземе пиштолот и да му ја спушти раката на полицаецот, при што службеникот пукал и погодил еден од мигрантите.

Инфомакс дознава дека полицаецот е лишен од слобода по наредба на обвинителот Артан Ајро и моментално се ноѓа во Скопје. Не се знае дали и кога ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Полицијата рано утрово забележата патничко моторно возило „мерцедес“, управувано од К. Ј. (26) и патничко моторно возило „форд фокус“, управувано од С.Б. (51), двајцата од Скопје, во кои илегално се превезувале мигранти.

-Возилата биле запрени од страна на полициски службеници, по што возачите и мигрантите се обиделе да избегаат, а при тоа К.Ј. физички нападнал полициски службеник, обидувајќи се да му го одземе пиштолот. Притоа, полицискиот службеник испукал од службениот пиштол и погодил еден од мигрантите, кој веднаш бил пренесен со полициско возило во објектот на Итна медицинска помош за укажување лекарска помош каде починал, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукање во мигрантски камп кај Сараево

Во мигрантскиот камп Блажуј кај Сараево синоќа…

Три малолетни девојчиња загинаа во несреќа со…

Три девојчиња, неофицијално сестри на возраст од…

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени пет лица…

Денес рано наутро полицијата спречи нелегална трговија…

Автомобил полн со мигранти од Кина удрил…

Полицијата во недела привела триесет и петгодишен…

Скопјанец фатен како криумчари мигранти

На 26.02.2024 во 21.15 часот на улица…