Лога очекува Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Левица за националноста во изводите

t

Министерот за правда Кренар Лога очекува Уставниот суд  да ја отфрли иницијативата на Левица за бришење на графата за националност од изводите за родени, починати и венчани. Тој не се откажува од графата за националност во изводите и најави дека и натаму ќе издаваат изводи на родени, починати и венчани со графа националност.

-Законот предвидува тоа што е сатвено за новите изводи на родени, починати и венчани. Очекувам дека мериторно Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата на Левица и дека Законот за матична евиденција ќе биде во сила. Најавувам дека штом ќе имаме нова одлука на Уставниот суд ќе имаме и нови упатства и изводи што значи дека ќе се повтори праксата што ја воведовме со графа националност за да ја спречиме злоупотребата при вработување во целата држава – изјави Лога.

„Левица“, како што соопшти Уставниот суд, оспорува повеќе членови од постоечкиот Закон за матична евиденција, со кои е предвидено националност да се запише во матичната книга на родените, во матичната книга на венчаните и во матичната книга на умрените.

„Чувството на национална припадност е лично чувство на граѓанинот и не може да се докажува со јавна исправа, т.е. со документ издаден од државен орган, пред се поради фактот што слободата на изразување на националната припадност го вклучува и правото на промена на чувството за национална припадност, а со практичното воведување на графа за националноста во изводот од матичните книги – како јавни регистри, се окончува еднаш изразеното национално чувство, се наведува во иницијавата на „Левица“.

Од Уставниот суд информираат дека се оспорени три члена од Законот, односно зборот националност во изводите, каде покрај основните податоци за раѓање, живеалиште се додава и националноста на новороденчиња, на венчаните и на умрените.

Од Министерството за правда преку соопштение тврдат дека упатството со кое се воведе графа за етничката припадност во изводите од матична евиденција не е противзаконско.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Судски совет: Министерот Лога е должен да…

„Министерот Лога е должен да го почитува…

Лога со допис бара од Судски совет…

Министерот за правда Кренар Лога со писмен…

Зеќири се расплака во завршните зборови на…

Во завршните зборови на судењето против поранешниот…