Локализиран е пожарот кај Пехчево
Локализиран големиот пожар кој вчера избувна над пехчевското село Негрево. Гасењето на пожарот траеше речиси два дена, откако синоќа се закануваше да го зафати градот Пехчево, заради што градот денеска цел ден беше мобилизиран.
Најкритично беше кај месноста Равно Борје, а во гаснењето целосно беа вклучени поголем број на луѓе, за што од Општината изразија огромна благодарност до сите нив.
-Благодарност до Доброволното противпожарно друштво „Пехчево“, ТППЕ Берово, вработени во ПШС „Равна Река“ Пехчево, Шумска полиција – Пехчево, вработени во МВР, Армијата на РСМ, вработени во Општина Пехчево, пожарникари од цела Македонија. Исто така благодарност до хеликоптерите на МВР, ер тракторите на ЦУК, вработени во Центар за управување со кризи, месното население од село Негрево и Пехчево, механизација на повеќе општествено одговорни фирми, доброволци од соседните градови. Добивме и безрезервна помош од општествено одговорни компании и фирми, истакнаа од Општината.
Апелираа до сите граѓани од Пехчево и околината да внимаваат бидејќи при постоечките високи температури може да настане повторно пожар од големи размери.
Претходно во текот на денот беше отворен пункт за донации каде граѓани од Малешевијата и Пијанец донираа продукти за учесниците во гаснењето на пожарот.
Во пожарот изгоре борова шума, а точната површина на опожарените парцели од Општината и надлежните органи дополнително ќе се утврдува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…