Локалните избори ќе бидат распишани кон крајот на јули или почетокот на август
Во однос на локалните избори, претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска рече дека најдоцна до крајот на јули и почетокот на август тие би се распишале. Дотогаш има доволно време да поминат измените во Изборниот законик по барање на ОБСЕ.
Коментирајќи ја можноста некои од законите што се однесуваат на изборите да не се донесат навреме, тој рече дека ако се случи тоа ќе одат на избори со старите решенија.
Образложувајќи ги активностите на Собранието во следниот период, посочи дека е предвидено да се одржи и јавна расправа околу измените на Законот за локална самоуправа што веќе некое време се најавуваат од Министерството за локална самоуправа.
Претседателот на Собранието рече и дека се очекува на следната пленарна седница, која треба да се одржи на 29 април, да биде ставена интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на Левица.
За евроинтеграциите, кажа дека се одвива интензивна парламентарна дипломатија за почеток на преговорите, но и за да немаме натамошни блокади на патот по однос на идентитетските прашања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…
Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…
Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…
Израел на работ на предвремени избори
Израел се приближува кон предвремени избори откако…
Вучиќ: Не се знае кој ќе биде…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се запраша…
Пратеничка удри по британскиот премиер Стармер по…
Британскиот премиер Кир Стармер, кој се опоравува…