Лоши економски резултати на Владата: БДП со раст од 0,6 проценти во четвртиот квартал лани

t

Стапката на раст на бруто-домашниот производ(БДП) за четвртото тримесечје од 2022 година е 0.6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2022 година, најголем пораст е забележан во секторите – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 8,3 проценти; Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности надомаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 1,5 проценти, како и Дејности во врска со недвижен имот од 1,3 проценти.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2022 година, номинално расте за 17 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто- домашниот производ изнесува 67,1 проценти..

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 25,4 проценти, а увозот на стоки и на услуги забележа пораст во номинален износ од 17,5 проценти. Стапката на БДП во првиот квартал лани изнесуваше 2,4 проценти, во вториот 2,8 проценти, а во третиот два отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешен косовски министер уапсен во акција против…

Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…

Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…

Илон Маск се приклучи на сè погласните…

Невини биле: Бугарската ДАНС негира дека ја…

Агенцијата го оспорува потеклото на снимките и…

(Фото) Ја тепал во автомобил додека не…

Охридската полиција утрово привела 31-годишен маж по…

УАПСЕНИ 11 ВОЗАЧИ: Возеле пијани и без…

МВР соопшти дека 11 возачи се лишени…