Лоши прогнози: 15% од Германците нема да можат да си ги платат сметките
Германските комунални претпријатија проценуваат дека поради високите цени на бензинот, до 15 отсто од нивните клиенти нема да можат да плаќаат сметки за комунални услуги, изјави првиот човек на здружението ВКУ.
Околу 900 комунални претпријатија дистрибуираат две третини од гасот во Германија, а снабдуваат и со електрична енергија, вода и топлинска енергија, го отстрануваат отпадот и обезбедуваат широкопојасен пристап до интернет.
Компаниите купуваа гас по многу високи цени, па се очекува од октомври да им го наплатат тоа на граѓаните преку планираните давачки за гас.
– Некои комунални претпријатија проценуваат дека до 15 отсто од клиентите нема да можат да си ги платат сметките, рече Ингберт Либинг, директор на Германското здружение на комунални претпријатија.
Тој смета дека треба да се воведе мораториум за прогласување несолвентност на добавувачите на енергија, додавајќи дека на компаниите ќе им биде потребна помош и наесен.
Тој предлага владата да го намали ДДВ-то за гасот и струјата. Владејачките социјалдемократи веќе подготвија предлог за заштита на комуналните претпријатија од неликвидност доколку бидат принудени да купуваат гас по повисока цена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американската компанија „Ковенант“ ќе произведува крстосувачки ракети…
Американскиот одбранбен контрактор „Ковенант“ планира да отвори…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
Паника во источна Германија: Полицијата деактивираше 21…
Обвинителството во источната германска покраина Саксонија во…
Убедлива победа на АфД во Саксонија Анхалт…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) оствари убедлива победа на покраинските…
Германската крајна десница АфД убедливо победи во…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) освои убедлива…
