Лошо ни се пишува: Петков бара Брисел да биде гарант за вметнување на Бугарите во Уставот

t

Гарант на вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав да биде Брисел, предлага бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју дадено веднаш по вчерашната средба со премиерот Димитар Ковачевски на безбедносната Конференција во Минхен. Идејата на Петков е откако Скопје и Софија ќе постигнат решение за ова прашање во форма на заеднички предлог да го достават до Европската комисија како дел од преговарачкиот процес за влез во ЕУ.

-Прашањето сега е многу поинаку, прашањето не е дека една држава притиска, а другата вели не. Планираме до отидеме во Европската комисија со заеднички предлог, што прво е многу различно пред се. Второ, го потпираме на копенхашките критериуми, на принципи на правна заштита на луѓето кои се со наше потекло. Со други зборови, не вклучуваме конкретно билатерално прашање туку вклучуваме принципи кои всушност се во рамките на државите членки на ЕУ. Мислам дека ако Брисел на овој проблем меѓу двете држави гледа како можност да го забрза преговарачкиот процес тоа ќе може да биде искоритено како модел за останатите држави членки од Блаканот што се поканети во ЕУ.

Петков и Ковачевски освен вчера, денеска имале и срдечна средба заедно со државниот секретар на САД Ентони Блинкен за време на обраќањето на Потпретседателката на САД Камала Харис на Конференцијата во Брисел.

– Го делиме мислењето дека заедно сме посилни како сојузници во НАТО. Државниот секретар Блинкен ја изрази својата целосна поддршка за дијалогот и пријателството меѓу Северна Македонија и Бугарија и ја сподели својата искрена желба да нѐ види заедно во ЕУ. САД останува наш посветен партнер во надминувањето на предизвиците, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Тој денеска во рамките на Конференцијата се сретнал и со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак токму на темата за разговорите со Бугарија.

-Премиерот Ковачевски го запозна Лајчак со заедничките активности со премиерот на Република Бугарија Кирил Петков за интензивирање на билатералната соработка и за работата на петте работни групи за економија, инфраструктура, култура, ЕУ интеграција и историја коишто имаат задача да изготват патоказ за спроведување на Договорот за пријателство, информираа од кабиентот на Премиерот.

Од таму додаваат дека Лајчак дал поддршка за интеграцијата на државата во ЕУ. Претставникот на Брисел бил задоволен од досегашните заложби и оценил дека тие ќе бидат значаен придонес кон конечната одлука за усвојувањето на Преговарачката рамка и за закажувањето на првата Меѓувладина конференција за време на францускотот претседателство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…

Орбан: Потребна ни е промена во Брисел!

Унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на…

(Видео) Јакимовски: ЕУ да најде начин како…

Претпоследно прашање пред влез во ЕУ ќе…

УЖАС: 12-годишно момче застрела 2-годишно дете во…

Со куршум од воздушна пушка во Враца,…

Македонија и Бугарија имаат најмали цени на…

Сезоната на пролетните одмори е пред нас…