Лукаревска: ДУИ заслужуваат да останат длабоко во опозиција
За последните изјави на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и најавите за протести, СДСМ оценува дека правото на протест е загарантирано право и тука нема дилема. Сепак, според пратеничката Сања Лукаревска, општа констатација и перцепција е дека откако ДУИ се во опозиција, слушаме за шатори пред Уставен суд или имаме одредени изјави за можни немири. Сега најново е најава за некакви протести и дека ќе се приклучат на протестите на родителите на настраданите во Кочани, истакнува пратеничката.
-Ако е така, кога дојдоа родителите пред Собранието, тие ги повикуваа пратениците од опозицијата да се приклучат кон нив. Они имаат пратеничка група. Зошто не излегоа тогаш да дојдат и да го слушнат гласот и бесот и да сочувствуваат со нивната мака туку мора отпосле да се даваат едни вакви изјави. ДУИ ако се смета за една проевропска партија, тогаш требаме да ги сметаме за прагматични и мудри политичари – со вакви наративи и изјави мислам дека ќе останат длабоко во опозиција. Заслужуваат да останат длабоко во опозиција затоа што на овој народ му е доволно од пречките кои што ги имаме меѓу политичари од различни партии, а како капак на ова да слушаме дека ќе има протести затоа што некој смета дека веќе не е на власт и не може да ги влече конците како што беше претходно, рече Лукаревска во емисијата „Само вистина“.
Според неа, „не може само СДСМ да ја плати цената на нивното однесување, а ДУИ да повикува на протести и дека ако излезат еднаш на улица, нема да се вратат назад“. Бара од надлежните институции да постапат соодветно за изјавите на Ахмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…
Димитриеска Кочоска: Министерството за финансии нема никаква…
На надзорната расправа во Комисијата за финансирање…
73-годишна жена била пронајдена почината во нејзиниот…
73-годишна жена вчера била пронајдена почината во…
Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување…
Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон…
БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПОВИКА ВЛАДАТА ДА ГО СЛЕДИ…
Велика Британија нема да може да изгради…