Луѓето вознемиерни, некој сака да упати порака?! Куршум оставен пред „Владислав Рибникар“ на 40-дневниот помен за убиените ученици
Од утрово бројни граѓани се собираат во Врачар, пред основното училиште „Владислав Рибникар“, по повод одбележувањето 40 дена од загинувањето на учениците во злосторството што се случи во тоа училиште, кога 13-годишен ученик со пиштолот на татко му и уби девет негови пријатели и еден чувар.
Оставени се свеќи, цвеќиња и плишани играчки, а меѓу граѓаните кои утрово сакаа да оддадат почит беше и министерот за економија Раде Баста кој положи букет цвеќе.
Како што пишува Нова, на оградата од училиштето, каде се оставени цвеќиња и свеќи, некој оставил капа со златен куршум. Наводно за ова веднаш била известена полицијата која ќе утврди дали се работи за вистински куршум и кој ја оставил капата овде.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен Турчинот осомничен дека ја убил и…
Турски државјанин на возраст од 25 години…
Таткото на убиецот од „Рибникар“ осуден на…
Вишиот суд во Белград ги осуди родителите…
“Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да…
На денешен ден, 16 јуни 1943 година…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Крвав инцидент во центарот на Белград: 26-годишник…
Утрово во центарот на Белград е убиен…